04. Nov 2011 12:08 Зголем бројот на повици во Итна помош
Итната медицинска помош во Куманово, прима околу 40 повици за едно деноноќие во последниве недели, поради високите температури за овој период во годината.
Помош бараат најчесто хроничо болните, бидејќи тешко ги поднесуваат големите разлики на температурите кои преку ден се високи, а ноќе паѓаат само на неколку степени- велат лекарите од Брза помош.
Пред променливото време помош барале околу триесетина граѓани кои имале здравствени проблеми.
