25. Jun 2010 17:20 Асфалтирана улицата „Младен Стојановиќ“

Завршено е асфалтирањето на улицата „Младен Стојановиќ„ во должина од 1200 м2 и 500 м2 тротоари. Симболичното пуштање во употреба го изврши градоначалникот Зоран Дамјановски и советникот Фериз Дервиши.

Асфалтирана улицата „Младен Стојановиќ“

Средства во висина од 3,5 милиони денари се издвоени од Буџетот на Општината, согласно програмата за реконструкција на улиците во центаралниот дел и приградските населби. Според програмата работите ќе продолжат на уште 17 проекти. Засега се се одвиваат во најдобар тек и се надевам дека ќе бидат завршени согласно предвидениот рок - рече градоначалниокот Дамјановски.

Советникот Дервиши изрази благодарност до Општината што направи напори да се вложат средства во на месните заедници Бајрам Шабани и Тоде Мендол каде во наредниот период ќе бидат реконструирани и другите улици.

Еден од покрупните проекти на Локалната Самоупрва Куманово на подрачјето на м.з. Бајрам Шабани на кој моментално се работи е асфалтирање на улицата Поток Серава, кој тежи 14 милиони денари. Со завршувањето на градежните работи на оваа улица се заокружува асфалтирањето на улиците на овој дел од градот.

Асфалтирана улицата „Младен Стојановиќ“