08. Sep 2011 16:51 Aвтопатот Куманово-Табановце свечено пуштен во употреба

Министрите Зоран Ставревски, Миле Јанакиевски, и директорката за државни патишта Наташа Валкановска, денеска го пуштија во употреба новиот автопат Куманово-Табановце, дел од Коридорот 10.

Thumbnail

Автопатот е во должина од 7.6 километи, со три целосно нови сообраќајни ленти во една насока, реновиран е и проширен стариот дел на автопатот, а изградени се и две клучки за селата Речица и Табановце. Проектот чини 950 милиони денари, а се реализирал со сретства од Светската банка.

Оваа е главната артерија што на север ќе не поврзува со Европа, а на југ кон значајното Солунско пристаниште.- изјави министерот Ставревски.

Делот од автопатот од Демир Капија кон Смоквица во должина од 28 километри ќе започне да се гради во април наредната година.

Aвтопатот Куманово-Табановце свечено пуштен во употреба