08. Sep 2010 12:22 Бонум ги проширува капацитетите во Драгоманце
Во селото Драгоманце вчера беа удрени темелите на новата хала за производство на печурки на фабриката „Бонум„.
Халата ќе се протега на површина од 4000 метри квадратни и предвидена е за производство 800 тони годишно шампињони, кои ќе се продаваат свежи и конзервирани на домашниот и странскиот пазар.
Со оглед на побарувачката на пазарот решивме да ги прошириме капацитетите и да отпочнеме со еден крупен проект-изградба на современа хала за печурки која според планираното би требало да ја завршиме за 6 месеци и да отпочнеме со производство. Со проширувањето на инвестицијата ќе вработиме и нови луѓе. Само за потребите на одгледување на печурки ќе ангажираме 30-тина работници-изјави Момчило Јовановски сопственик на Бонум.
Градоначалникот на Општина Старо Нагоричане на чија територија се отпочнува изградбата на новиот стопански објект даде подршка на проектот и очекува да се намали стапката на невработеноста во Општината.
Локалната самоупрва го подржува проектот и за краток рок успеа да помогне со вадење на сите потребни дозволи за отпочнување со градба. Се надеваме дека во Општината ќе имаме уште вакви инвестиции со цел еконосмки развој на овој регион и намалување на невработеноста што е наша основна заложба - вели градоначалникот Миодраг Јовановиќ.
Инаку фабриката Бонум во Драгоманце работи веќе пет години на преработка и конзервирање на зеленчук.Има ангажирано околу 100-тина постојано вработени лица и сезонски работници.
















