01. Feb 2012 10:15 Ќе се враќа персоналецот од третиот пензиски фонд

 Секое лице кое е член на доброволен пензиски фонд и кое уплатило сопствени средства во доброволниот пензиски фонд, кои се предходно оданочени со персонален данок на доход, има право на поврат на платениот персонален данок на доход.

Thumbnail

Износот на кој се пресметува повраток за 2011 година не може да биде поголем од четири просечни бруто плати. Повраток на данок се прави со поднесување барање до УЈП. Во прилог на барањето, задолжително треба да се достави и доказ за платениот персонален данок на доход во Македонија, за износот кој се побарува за повратак.