25. May 2010 11:25 Ќе соработуваат водоводните претпријатија на Куманово и Марибор

  Јавните водоводни претпријатија на Куманово и Марибор потпишаа меморандум за соработка. Се работи за рамковна спогодба за соработка на сите полиња и размена на искуства со кои располагаат двете претпријатијата.

Ќе соработуваат водоводните претпријатија на Куманово и Марибор

 Позитивните искуства што ги има Марибор ќе ги примениме во нашите проекти со цел да направиме квалитетни услуги за граѓаните. Колегите од Марибор имаат искуство со европските фондови и спремни се да ни ги пренесат со цел да не правиме почетни грешки со кои ќе ги изгубиме проектите- вели директорот Виктор Божиновски.

Мариборскиот Водовод е најголем во Словенија и оваа година со проекти за изградба на водовод и канализација од Европа ќе добие 44 милиони евра.

Ова е добра прилика да дадеме совети на ЈП „Водовод„  со исто такви проекти да добие што повеќе сретства- вели Данило Бурнаќ, директор на ЈП „Водовод„ Марибор.  

Ќе соработуваат водоводните претпријатија на Куманово и Марибор