10. Jan 2012 13:21 Даночни пријави до 15-ти март

 Управата за јавни приходи ги известува граѓаните дека законскиот рок за поднесување на годишна даночна пријава започна на 1-ви јануари а ќе трае до 15-ти март оваа година.

Thumbnail

За даночен обврзник за персонален данок се смета секој граѓанин кој што остварил приходи во државата или странство од повремено вршење на услуги како што се кирии, авторски права, дивиденди, камати, игри на среќа и наградни игри, продажба на недвижен имот и друго.