30. Jan 2012 12:33 Електронско следење на работата на инспекторите
За да се спречат неправилностите при работата на инспекциските служби, Министерството за информатичко општество и администрација изработи софтвер кој ќе овозможи следење на инспекторите.
Тоа е направено со цел да се отстранат аномалиите, по зачестените пријави дека во малите општини инспекторите имаат селективен пристап во извршување на нивната работа.
Ние како министерство веќе направиме апликација за Државниот пазарен инспекторат, каде сите предмети автоматски се доделуваат на инспекторите, ќе се следи потоа секој предмет електронски од самиот директор и министерот. Tаа апликација ќе се трудиме да ја прилагодиме што е можно побрзо и за останатите инспекторати се со цел да се воведе поголема транспарентност во работењето на инспекторите. Значи да не се посетува една иста компанија повеќе пати, додека не се посетат сите останати компании. Тоа беше едно од барањата што доаѓа од коморите, бидејќи има инспектори кои си посетуваат само одредени компании, додека останатите ги занемаруваат. Со цел да има поголема одговорност и кај самите инспектори се оди на подобар увид во работењето и се надеваме дека тоа ќе функционита на терен- изјави министерот Иво Ивановски при посетат на Куманово.
