16. Jan 2012 10:31 Годишни пријави за продавачите на зелен пазар
Фирмите кој организираат зелен пазар на кој се врши трговија на големо и мало, имаат обврска најдоцна до крајот на месецот, да поднесат Годишен извештаj во кој треба да се пријави кој ги користел продажните места на зелениот пазар во изминатата 2011 година.
Пополнетиот „Годишен извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари“, организаторот на зелениот пазар треба да го достави до даночните канцеларии на УЈП најдоцна до 31 јануари 2012 година, кога и истекува законскиот рок за завршување на оваа обврска.
Доколку до 31 јануари, организаторот на зелениот пазар не поднесе извештај за корисниците на продажните места во 2011 година, законот предвидува глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност, а за направениот прекршок на одговорното лице на организаторот, ќе му биде изречена глоба во износ од 750 евра во денарска противредност.
