05. Sep 2011 16:17 Голем процент на наплата на даноците

 Статистичките податоци покажуваат дека наплатата на данокот на имот се движи до 90 проценти.

Thumbnail

Општината Куманово дистрибуирала околу 13.000 решенијата за данок на имот на физички лица за 2011 година. Од  Секторот за администрирање на приходи и локален економски развој, информираат дека ова е половина од вкупно 26.000 решенија кои според динамиката ќе бидат дистрибуирани до крајот на годинава.

"Паралелно со дистрибуцијата оди и наплатата која изнесува околу 5 милиони денари за физички лица, а поголема е наплатата кај правните лица и се движи до 7,3 милиони.Најголем дел од решенијата што ќе се дистрибуираат до физичките лица се извршени со новата методологија на проценка на имот„ - вели Зоран Павловски, раководител на секторот.

Од секторот потенцираат дека сопстевниците на имотите од селата и приградските населби ќе ги добијат решенијата според  старата проценка на имотот. Статистичките податоци покажуваат дека наплатата на данокот на имот се движи до 90 проценти.

Деновиве ќе им бидат блокирани сметките на фирмите кои не платиле комунална такса и за оние сопственици на фирми кои не платиле данок на имот за претходната година.