12. Aug 2011 16:11 Исчистен дивиот пазар кај Спортска сала
Инспекциските служби и полицијата утринава ги отстраниле камионите и тезгите на продавачите на ѕеленчук и овошје на големо, кои се лоцирани на паркингот кај Спортската сала.
Пазарџиите добиле налог да заминат на терминалот на Агро-Куманово, или да закупат тезга на еден од зелените пазари во градот.
Надлежните најавуваат дека акцијата ќе продолжи во понеделник на зелениот пазар во Куманово, кога ќе се чистат узурпираните тротоари и улицата.
Наредните денови инспекциските служби ќе ги посетат и останатите локации каде што има диво поставени тезги.
