26. Aug 2011 12:14 Истекува рокот за легализација на дивоградбите

Над 8.500 барања за легализација на дивоградбите се поднесени до Секторот за урбанизам во општината Куманово. Последните, денови како по обичај зголемен е бројот на заинтересирани граѓани кои ги предаваат барањата во надлежната служба.

Thumbnail

Општинска администрација, воведе двосменско работење со цел да им излезе во пресрет на граѓаните кои сеуште не поднеле барање за легализација на бесправно изградените објекти.

Работно време до 3- ти септември кога истекува крајниот рок за поднесување на барањата, е од 7.30 до 19.30 часот во работните денови, како и во сабота од 9 до 14 часот.

Барателите е доволно да достават само барање за да се отпочне постапката, а сите потребни документи, односно оние кои недостасуваат ќе се достават дополнително во периодот од 6 години, додека важи Законот.

Од Министерството за транспорт и врски  најавија дека се размислува за парични казни за сите, кои нема да поднесат барање за легализација на бесправно изградените објекти во предвидениот рок.

По истекот на законскиот рок, односно по 3 септември, не ќе може да се легализираат објектите и со нив ќе се поставува во согласност со Законот за градење, односно овие дивоградби ќе треба да се уриваат.

Во Куманово има над 13 000 дивоизградени објекти главно во приградските населби.