12. Dec 2011 15:34 Истекува рокот за пријавување на приходите на земјоделците
До крајот на месецот, истекува рокот за пријавување на приходите и регистрација на земјоделците во УЈП.
Сите кои годинава оствариле вкупен приход до 1,3 милиони денари, имаат обврска најдоцна до 31 декември да поднесат Барање за паушално плаќање на персоналниот данок (образец “ПДД-ПЗ“) до Управата за јавни приходи.
Обврската се однесува за приходите од земјоделска дејност, без разлика дали истата претставува основно или дополнително занимање на граѓанинот.
Земјоделците кои во 2009 и 2010 година не се регистрирале во УЈП, покрај Барањето треба да поднесат и Пријава за регистрација (образец “УЈП-РДО/З“).
За ненавремено поднесување на барање/пријава до УЈП, предвидени се казни од 500 до 1000 евра, во денарска противвредност.
