16. Dec 2011 13:22 Корнер слави јубилеј
Претпријатието „Корнер„ вчера го прослави 10-от роденден, деценија постоење и успешна работа.
По тој повод во Народниот театар Куманово беше организирана културно-уметничка програма на која дојдоа пријатели на компанијата. Тамбурашките оркестри „Ѓезме„, „Кумановски тамбураши„ и Нино Величковски, фолклорната група „Тоска„, хумуристите „Куманија„, Студио за модерен балет „Ултра„ , КУД „Срма„, беа само дел од гостите кои учествуваат во богата програма. Сопственикот на кебапчилницата „Корнер„ и на етно-гостилницата „Баба Цана„, Тони Димитриевски-Шеик не го криеше своето задоволство што со својата работа и несебичното залагање успејал да изгради бренд не само во градот, туку и пошироко.
Пред 10 години почнавме скромно, со мали ресурси и два-тројца вработени, но имавме визија за развој. Понудивме квалитет во производите од месо и услугата, и со многу труд и чесна работа дојдовме до ова што сме сега. Почнавме со кебапчилнива Корнер, па со проширивме со етно-гостилницата „Баба Цана„, а последното, од вчера добивме одобрение за производство на традиционални сувомеснати производи. По Нова година ќе започпнеме и производство на пршута и суво месо по традиционални македонски рецепти- вели сопственикот Димитриевски.
На почеток производството ќе биде наменето за потребите на фирмата, а доколку биде прифатено од потошувачите производството ќе се зголеми. Во перспектива е и отварање на нови ресторани од познатиот бренд. Прославата на роденденот синоќа продолжи во објектот на Корнер.
