07. Nov 2011 14:24 Локалната самоуправа има подршка од Министерството за транспорт
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска престојуваше во работна посета на општината Куманово, и со градоначалникот Зоран Дамјановски разговараше за реализација на повеќе проекти во општината. При тоа е договорена нова средба на техничко ниво, заради усогласување и увид во проектите кои треба да се реализираат во наредната година.
Го информирав градоначалникот за одлуката на Владата за отстапување на земјиште за отпочнување на изградба на базенот во Куманово и за сретствата од Европската инвестициона банка во износ од 3,5 милиони евра, кои ги додели Владата за подобрување на инфраструктурата во Општината. Зборувавме и за начинот на управување на градежно земјиште и за легализацијата, бидејќи Куманово е една од општините што има поголем број на дивоизградени објекти. Ние имаме добра соработка со сите градоначалници, и добро е кога локалната и централната власт соработуваат и имаат вакви средби, бидејќи тоа првенствено е во интерес на граѓаните - изјави министерот Јанакиевски.
И градоначалникот Дамјановски е задоволен од соработката на Министерството за транспорт и врски,и комуникацијата со министерот.
Имаме зеднички, допирни точки, и неможе ниту еден проект да се реализира ако двете страни не се усогласат. Не само во менаџирање на овие два проекти, ако продолжиме вака ќе имаме успех и развој на градот на сите полиња, а особено во инфраструктурата- изјави градоначалникот Дамјановски.
