19. Dec 2011 15:10 Монтажното лизгалиште готово до петок

 Лизгалиштето што треба да се монтрира на фудбалското игралиште на Кејот на реката Кумановка ќе биде готово до крајот на неделата.

Thumbnail

Според градоначалникот Зоран Дамјановски, опремата за лизгалиштето треба да стигне деновиве, а да биде монтирана до четврток. Останува само да се создаде ледената површина и да се пушти во употреба.

Опремата е на пат кон Куманово, само останува да видиме колку време ќе треба да ја помине границата и да се среди целата документација. Меѓутоа како и да е за едно 7-8 дена ќе стартуваме со пробната употреба- вели Дамјановски.

Локацијата на лизгалиштето на Градскиот кеј е изберена, поради тоа што таму има поголем простор за паркирање, а има и обезбедување на објектот. Просторот на плоштадот отпаднал поради неколкуте концерти за престојните празници.

Проектот ќе го води комерцијална фирма, а Општина за потребите на учениците ќе добие гратис термини за развој на училишниот спорт.

За поставување на лизгалиштето согласност и почетни сретства издвои Советот на Општината на последната седница.