11. Mar 2010 15:04 Муратовски кај стечајците
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Ванчо Муратовски денеска се сретна со стечајците. Пред тоа посети неколку фирми во Куманово,а оствари средба и со претставниците на Регионалниот синдикат.
"Поддршката за стечајците нема да изостане.Ќе продолжиме да им нудиме помош,а денеска сме тука и да ги утврдиме активностите што ќе ги реализираме до крајот на овој месец.Ќе организираме масовен протест на незадоволните работници од сите дејности, а очекуваме присуство и на стечајците"- изјави Муратовски.
Тој најави дека протестот ќе се одржи по 20-ти овој месец и очекува масовно присуство на незадоволни работници, вклучувајќи ги и земјоделците, но и вработените во здравствениот сектор.
"Владата не го прифаќа колективниот договор на здравстевните работници и најавува ревизија. Можно е намалување на платите на здравствените работници што може да предизивика дополнително незадоволство во овој сектор"- додава Муратовски.
















