09. Jan 2012 15:27 Нормализирано греењето со гас

По неколку дневен прекин, од денеска фирмите повторно се греат на гас. ЈП „Куманово-гас„ од сабота го продолжи редовното снабдување откако беше приклучен на гасоводниот систем. Фирмите кои минатат недела останаа без гас, се грееа на нафта.

Thumbnail

Надминат е проблемот помеѓу Регулаторната комисија и „Макпетрол Гаспром„ и ние сме приклучени на системот. Сега снабдувањето се одвива нормално и без проблеми, се надеваме дека така и ќе продолжи- вели директорот Момчило Мирчевски.

 ЈП „Куманово гас„ поднесе барање до Регулаторната комисија за добивање на лиценца за квалификуван потрошувач што во иднина ќе може самостојно да купува гас за своите потреби.

Својството квалификуван потрошувач можат да го добијат фирми кои минимум трошат 10 милиони метри кубни гас. Откако ќе се добие таа лиценца се овозможува фирмата независно да оди на пазарот и да набавува гас - објаснува Мирчевски.

Куманово-гас има потрошувачка над 10 милиони метри кубни гас и има лиценци за дистрибуција и за снабдување со гас.