18. Oct 2011 13:08 Обука за е-даноци
Претставници од Управата за приходи утре во Центарот за култура ќе одржат обука за електронско пријавување на даноците.
Тема на обуката ќе биде постапка за регистрација на е-даноците, електронско поднесување на даночни пријави и електронски увид во даночна картица. Право на учество имаат сите правни лица и самостојни вршители на дејности кои имаат свои смедководствени бироа и куќи. Обучувачи ќе бидат вработени во УЈП, од Регионалната дирекција Штип и Куманово- вели Драги Младеновски од Даночното одделение Куманово.
Почетокот е закажан во 12 часот.
