01. Nov 2011 15:53 Општината и Водовод ќе се грејат на гас

Зградата на локалната самоуправа и јавното претпријатие „Водовод„ оваа зима ќе се грејат на гас. Двете топлани денеска свечено беа предадени во употреба, по повод Денот на градот 11 Ноември.

Thumbnail

Во овие десетина дена во Куманово ќе се пуштат 12 нови постројки на гас, со вкупна дистрибуција на 1 милион кубни метри гас.  Со тоа Куманово ќе биде првата општина во државата која ја шири мрежата на дистрибуција на гасот, а со тоа директно работи на зачувување на животната средина- рече градоначалникот Зоран Дамјановски.

 Директорот Виктор Божиновски е задоволен од гасификацијата на нивното претпријатие, бидејќи на економски план тоа значи заштеда на одредени сретства, бидејќи гасот е поевтин од другите извори на енергија.

Сметам дека во наредниот период гасот ќе го користиме и во другите наши капацитети, како што е работата на пречистителната станица-вели Божиновски.