26. Oct 2011 15:23 Општинскиот буџет поспоро се полни

 На денешната седница, советниците го изгласаа третиот квартален извештај за реализација на буџетот на Општината Куманово, со кој се утврдува  моменталната состојба на општинската каса по реализација на предвидените активности и програми.

Thumbnail

Заклучно со септември, остварени се 64 проценти од предвидените приходи, од кои најголем процент се прилив на сретства од  даноци, трансфери и дотациите од министерствата. Од вкупните предвидени тошоци на расходната страна, реализирани се 58 проценти, кои се однесуваат на тековното функционирање на Општината и јавните претпријатија, како и за изградба на капитални инвестиции- вели Ирена Илиевска раководител на секторот за финансии.

Најмногу сретства од општинската каса, потрошени се за реконструкција на улиците, а потоа за изградба на нови улици, гасоводната мрежа и училишни спортски сали, фитнес центар и други проекти.

Опозицијата не е задоволна од реализација на буџетот и смета дека тоа се должи на нералните планирања и проектирања на општинските пари.

 Уште кога се усвојуваше буџетот ние посочивме дека нема услови да исполни предвидената динамика за полнење на буџетот, поради тешката матерјална состојба на граѓаните и намалените инвестиции во прометот со недвижнини и економијата. Промашувањето уште подобро се гледаат во расходната страна, бидејќи застанаа сите инвестиции, заради тоа што нема приходи во општинската каса. Изостана изградбата на катната гаража, подземната улица во центарот на градот, а сега дел од сретставта ќе се трошат за изградба на затворен базен, кој воопшто не беше планиран во програмата - вели советникот Стефан Трајановски.

Наспроти овие обвинувања градоначалникот Зоран Дамјановски тврдеше дека општината Куманово само во оваа година вложила 1,5 милион евра во капитални инвестиции и инфраструктурни објекти во градот, и приградските населби. Годишниот буџет на општината Куманово изнесува 2,5 милиони евра.

Општинскиот буџет поспоро се полни