10. Jun 2010 15:39 Отворен конкустот за распределба на земјоделско земјиште

 Министерството за земјоделство вчера го објави конкурсот за распределување на земјоделско земјиште под концесија. Се работи за површина од 7 хектари обработливо земјиште во ренот на село Јачинце, а кандидатите своите понуди може да ги достават до крајот на месецот.

Отворен конкустот за распределба на земјоделско земјиште

 На конкурсот може да се јават регистрирани земјоделци, физички лица и правни субјекти.Заедно со потребната документација треба да ја достават својата понуда за тоа што располагаат, планот со што ќе биде засадена земјата. Истотака земјоделците кои ќе се јават на конкурсот треба да ги имаат измирено сите даночни и кредитни обврски кон државата. Најдобрите понуди ќе бидат разгледувани во министерството од каде ќе се одлучи кој ќе добие земјиште под концесија.Оној кој ќе ја добие земјата ќе може да ја обработува 15 години, а овоштарници и лозје до 30 години информира Скендер Салии од подрчното министерство за земјоделство.