25. Nov 2011 15:39 Пак ќе се бркаат дивите пазарџии

Наредната недела повторно ќе се отстрануваат дивите тезги поставени на тротоарот околу Зелениот пазар во Куманово.

Thumbnail

Оваа одлука е донесена на вчерашниот состанок на сите надлежни претпријатија и инспекциски служби во градот.На состанокот присуствуваа претставници од јавните претпријатија „Пазаришта„, „Чистота и зеленило„, Агенцијата за храна и ветеринарство, Пазарен и комунален инспекторат и СВР Куманово.

Акцијата ќе започна на 1 декември и ќе трае додека не го решиме овој проблем. Комуналната и градежната ионспекција уште денеска почнаа со работа, на нелегалните продавачи им врачуваат писмени известувања, опомени и решенија за диво поставените тезги за да нема недоразбирања кога ќе започне акцијата. За време на акцијата ќе имаме асистенција од полицијата- вели Вера Лазаревска раководител на секторот за инспекциски работи.

Акцијата ќе започна на Зелениот пазар каде има најголема фреквенција и граѓани и сообраќај, а ќе продолжи и на останатите локации во градот. Отстранувањето на дивите тезгаџии се актуелизираше на минатата седница на Совет, кога директорот на јавното претпријатие „Пазариште„ се пожали, дека нелојалната конкуренција негативно влијае на нивната работа. Акцијата за дисциплинирање на тезгаџиите започна летоска и траеше извесно време, по што се се врати на старо.

Пак ќе се бркаат дивите пазарџии