02. Sep 2011 17:41 Поднесени над 12 000 барања за легализација на дивоградби

Како што информираат од Секторот за урбанизам, последната недела, дневно се поднесувале од 600 до 800 барања.

Thumbnail

Драстично е зголемен бројот на поднесени барања за утврдување на статус на бесправно изградени објекти во општината Куманово. Како што информираат од Секторот за урбанизам, последната недела, дневно се поднесуваат од 600 до 800 барања, а досега се примени на 12 000 барања за легализација на бесправно изградени објекти.

Последниве денови се примаат само барања без комплетна документација и им се даваат бројчиња на подносителите, бидејќи физички не може да се постигне да се заведуваат предметите. Голем дел од барања се доставени и по пошта, така да дури од понеделник ќе знеме колкава е бројката на барања. Архивата ќе работи и утре на последниот ден од законскиот рок за предавање на документите, се со сел да им се излезе во пресрет на оние граѓани кои досега не ги доставоле барањата до нашата служба- вели Лидија Ланг Спасовска,раководител во Секторот за урбанизам.

Како што се очекуваше на почетокот на легализацијата, граѓаните чекаа во последен момент да ги достават барањата. Во Куманово има околу 15 илјади дивоградби, главно во приградските населби.

Министерството за транспорт и врски апелира до граѓаните кои живеат во рурални средини и немаат поднесено барање за легализација, да ја искористат оваа можност и да го направат тоа заклучно со крајниот рок – трети септември.

Поднесени над 12 000 барања за легализација на дивоградби