03. Nov 2011 15:49 Посебна лента за камиони на Табановце

 Од утре на граничниот премин Табановце автопат ќе функционира посебна лента за излез на празни товарни возила и товарни возила натоварени со лесно расиплива стока и стока со ризик од измама.

Thumbnail

Согласно препораките од Рамката на стандарди на Светската царинска организација за олеснување на меѓународната трговија, како и согласно европските стандарди и најдобри пракси, а со цел да се обезбеди олеснување на протокот на лица и стоки преку државната граница, на граничниот премин Табановце автопат се обезбедени неопходните услови за функционирање на посебната лента и направена е потребната координација со полициската служба- се вели во соопштението од Царината.    

Со ставање во употреба на посебната лента престанува потребата од претходна најава на вакви пратки на царинскиот орган, што беше досегашна пракса.