06. Sep 2011 16:55 Прекупците посилни од инспекцијата
Ништо не им можат инспекциските служби, ниту полицијата на трговците кои на диво продаваат околу Зелениот пазар. Неколку дена по спроведување на акцијата, прекупците се повторно на своите работни места, на узурпираниот пешачки простор.
Од ЈП „Пазаришта„ велат дека тие самите не можат да го решат проблемот, а легалните закупци на тезги постојано трпат загуба поради дивите продавачи.
Препродавачите се долги години во овој бизнис и имаат информации кога ќе излезат инспекциските служби на терен.Тие се подготвени во текот на целата година со помош на нивните доушници да се селат и да се враќаат само да не плаќаат закупнина - вели директорот Фадиљ Шабани.
Од Пазариша велат дека само со континуирана и подолгорочна акција, проследена со големи казни може да ги отргне пркупците да поставуваат тезги на јавните површини.
