12. Jan 2012 15:39 Пријавување имот до крајот на месецот

 Сите правни и физички лица коишто имаат непријавен недвижен имот или извршиле промена на сопственост во текот на предходната година треба да пријават до крајот на овој месец во Општината Куманово.

Thumbnail

Кон пријавата потребно е да се достават:копија од имотен лист или купопродажен договор, односно правниот основ со којшто се врши стекнувањето или промената на имотот и лична карта на сопственикот. Тоа ќе се регистрира во нашата служба и ќе се зема во понатамошна обработка- вели Зоран Павловски, раководител на Секторот за даноци.

Пријавувањето на недвижниот имот или промената на сопственост на истиот се врши во Секторот за даноци во зградата на локалната самоуправа.