24. Aug 2011 15:00 Продолжува чистењето на дивите тезги
Продолжува акцијата за отстранување на тезгите на дивите продавачи на земјоделски производи. Акцијата ја спроведуваат претставници на ЈП "Пазаришта", СВР Куманово, пазарната и трудовата инспекција.
Од локалната самоуправа најавуваат дека таа ќе продолжи се додека целосно не биде решен овој проблем.
"Одлучивме сите надлежни институции да преземат соодветни мерки за отстранување на препродавачите кои производите ги продаваат на импровизирани пазари, без да плаќаат закупнина на надлежното претпријатие ,при што на тој начин се нелојална конкуренција на закупците кои редвоно ги подмируваат обврските"- вели,Фадиљ Шабани,деиректор на ЈП „Пазаришта„.
Со оваа акција се реши проблемот и со препродавачите од Струмица.Во јули во знак на револт поради нелојалната конкуренција во Куманово,протестираа закупците на тезгите од реонскиот пазар лоциран на булеварот "Октомвриска револуција"
