18. Jan 2012 15:56 Промовирани брошури за безбедна храна

Агенцијата за храна и ветеринарство денеска во Куманово ја започна кампањата за промовирање на водичи за законот за безбедност за храна и брошури за бизнис операторите, потрошувачите, инспекциските служби и граѓаните.

Thumbnail

Искуството покажало дека релативно лесно се носат законските прописи, но проблемите настануваат кога тие треба да се имплементираат во пракса. Затоа  Агенција и бизнис операторите треба да се прилагодат кон законот, исто како и потрошувачите за кои е донесен законот.

Од тие причини во соработка со Организацијата за потрошувачи се решивме да поченем со 7 документи, 3 водичи и 4 брошури, кои опфаќаат различни аспекти од законот, а исте се согласно програмата за работа на потрошувачите која што ја носи владата. Во понатаомошниот период ќе ја прошириме оваа соработка и ќе има дополнителни брошури и водичи, кои што ќе обработуваат одредени сегменти од законот, а се со една цел да им се разјасни на опретаорите кои обврски ги имаат, за потрошувачите кои се нивните права и како да се заштитат истите, а од трета страна да им се олесни на инспекторите да имаат унифициран пристап во примената на законот- вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски.

На промоцијата присуствуваа претставници на производители на храна, од здравството, јавни претпријатија, невладини организаци, пензионери и граѓани.

Кампањата и промоцијата ќе се одржи и во другите градови, а ќе заврши во Скопје во март пред денот на потрошувачите.

Промовирани брошури за безбедна храна