07. Sep 2011 10:40 Се отвара фабрика за арматурно железо во Старо Нагоричане

 Во општината Старо Нагоричане за една недела ќе отвори нов погон за преработка на арматурно железо на компанијата Стил Кон. Со инвестицијата вредна 3,5 милиони евра која се реализира заедно со холандски партнер се отвораат нови 100 работни места.

Thumbnail

Фабриката се простира на 2.600 метри квадратни, а е дел од индустриската зона која според проектот на општината ќе зафака околу 50 илјади метри квадратни.

Според раководството на компанијата, производствениот капацитет на постоечкиот погон за челична конструкција досега изнесувал од 10 до 15 илјади тони годишно во една смена.

Тоа е нов погон кој е многу значаен за општината затоа што покажува дека може да се развива бизнисот и во општината Старо Нагоричане. Тука има погодни услови за инвестиции и очекуваме во наредниот период да дојдат и други инвеститори за да се вработат луѓе од нашиот крај- изјави Миодраг Јовановиќ, градоначалник на Општина Старо Нагоричане.