04. Oct 2011 10:50 Се работи на патот во Клечовце

Наскоро ќе се асфалтира патот во селото Клечовце, кој ги поврзува околните села со магистралниот пат Куманово-Крива Паланка. Патот е во должина од 5,5 километри а ќе го користат околу 1 200 жители.

Thumbnail

Инвестицијата е вредна 1,5 милион евра, а средствата се обезбедени од Европска Банка.

Патот е неопходен и за жителите на селата Бељаковце, Довезенце, Јачинце, Косматац, Мургаш и Зубовце, поради што општината го стави на листата на приоритети и го вметна во годишната програма за изградба на инфрастуктурата. Сега се работи на тампонирање на патот, а следната фаза е негова финализација и ставање на асфалтен слој-  рече градоначалникот Зоран Дамјановски, кој пред неколку дена го посети градилиштето.

Наскоро ќе се обновуваат и патните правци во селата Карпош-Зебрњак и Сопот-Сушево.

Се работи на патот во Клечовце