28. Aug 2011 17:07 Социјалците ќе ги легализираат дивограбите бесплатно
Министерството за транспорт и врски ќе ги ослободи од плаќање за легализација на дивоградбите социјално загрозените семејства.
„Тоа значи дека одредбите за плаќање 1 евро по метар квадратен нелегализиран изграден објект нема да важи за социјалните семејства. Сопствениците, доколку поднесат барање за легализација на дивоградбата ќе добијат решение за правниот статус на објектот бесплатно, без да го платат надоместокот што и понатаму важи за сите останати сопственици на дивоградби“, рече министерот Миле Јанакиески.
Во Куманово доосега има поднесено над 8.500 барања за легализација на дивоградбите.
