13. May 2010 15:21 Стечајци се обвинуваат за политичка зависност
Претседателката на Здружението на стечајни работници „УНИТ„, Лиљана Георгиевска ги отфрли обвинувањата на другата група на стечајни работници дека таа е самонаречена лидерка, а тие се легитимни претставници на стечајците.
Насковски е исклучен од Здруженитео на стечајни работници,вработен е во АТП „Југ-турист„ и дека како таков нема право да ги претставува стечајните работници.Освен тоа постои партиска поврзаност на Насковски и заради тоа не може да ги застапува стечајците.Да не се меша во работата и да не остави на мира самите да работиме на остварување нанашите права - изјави Георгиевска.
Георгиевска ги повика сите стечајни работници утре да заминат на нови протестио пред Владата во Скопје.

























