21. Jul 2010 11:33 Стечајците ќе го блокираат влезот на градот
Стечајните работници утре ќе ја блокираат улицата „11 Октомври„ на влезот во Куманово. Тие најавуваат двочасовен мирен протест, кој ќе започне во 10 часот на Градскиот плоштад, ќе продолжи пред Кумановскиот суд ќе запрат на мостот кај Искра.
Ги молиме граѓаните и возачите за разбирање бидејќи сме приморани на ваков начин да ги бараме нашите права- вели Лилјана Георгиевска од УНИТ.
Стечајците велат дека нема да отстапат од своето барања за добивање на месечен надомест до нивно пензионирање. Од наредната недела стечајците ќе продолжат со протестите пред Владата.
















