12. Jul 2010 16:13 Стечајците продолжуваат со протести

 Стечајните работници ќе продолжат со протестите пред Собранието. Ова беше одлучено на денешниот состанок, каде стечајците се договорија да останат на своите барања до нивно исполнување.

Стечајците продолжуваат со протести

 На денешниот состанок се договоривме дека нема да отстапиме од нашиот пат. Ние немаме друга алтернатива, знаете дека не бараме многу. Само она што ни следува законски и сметаме дека власта треба да има слух за нас. Ние не сме останале без работа по наша вина, туку бевме избркани на улица. Ќе бараме и нема да попуштиме, се додека не ги оствариме нашите права -вели Лијлана Георгиевска претседателка на УНИТ.

Протестите ќе продолжат во четврток или во петок. Стечајците бараат лицата што имаат повеќе од 15 години работен стаж и старост поголема од 53 години за мажи и 50 за жени да добиваат месечен надоместок од по околу 100 евра до следното вработување или пензионирање. Собранието не го подржа предлог законот за нивно згрижување.