30. Jan 2012 17:28 Стоте најуспешни фирми во каталог
Општината Куманово изготвува каталог со 100 најуспешни фирми во градот. Собирањето на податоци е во завршна фаза, а каталогот ќе излезе од печат до крајот на февруари.
Во него ќе се најдат најголемите и најуспешни фирми кои се веќе етаблирани, но и оние кои се помалку познати. Треба да се исполнат и неколку критериуми, а тоа е пред се да се производствено и извозно ориентирани фирми, да имаат над 10 вработени, поголем приход и веќе да се препознатливи на пазарот - вели Елена Цветановска од Секторот на даноци на Општината Куманово.
Целта на проект е да се промовираат бизнис-капацитетите на домашниот и странски пазар при посети на делегации, а истовремно да се потикне меѓусебна соработка на локално ниво.
Минатат година Општината изработи каталог со угостителските објекти на градот, кој наиде на одличен прием кај граѓаните и послужи како одличен рекламен матерјал за гостите. Проектите се финасираат од сретстав наменети за Локалниот економски развој.
