13. Sep 2011 14:16 Свечено отварање на погонот Стил-кон
Утре ќе започене со работа новиот производствен погон за преработка на арматурно железо на фабриката Стил Кон, во селото Младо Нагоричане.
Инвестицијата е вредна 3,5 милиони евра, а се реализира со холандски партнер, и ќе бидат отворени 100 нови работни места. Фабриката се простира на 2.600 метри квадратни, а е дел од индустриската зона која според проектот на општината, која ќе зафаќа околу 50 илјади метри квадратни. Производствениот капацитет на погонот за челична конструкција досега изнесувал од 10 до 15 илјади тони годишно во една смена.
Свеченото отварање е закажано во 12 часот.
