31. Jan 2012 16:58 Туризам во Липково

 Липково ќе стане нова туристичка зона каде што ќе се развива рурален и езерски туризам.  Локалната власт и министерот за економија сакаат на овој начин да ја развиваат Општината и да донесат нови инвестиции.

Thumbnail

Во разговорите главно се сконцентриравме на руралниот туризам и развој на туристичка зона покрај Липковското езеро, каде што навистина има многу убав амбиент и има интерес од страна на туристите. Разговаравме за можноста за доделување на дел од ИПАР сретствата за развој на руралниот туризам во овој регион, земјоделството, како и за реализација на проекти во инфрастуктурата, пред се на патната- изјави министерот за економија Валон Сарачини, при денешната посета на Липково.

Градоначалникот Садила Дураку е задоволен од подршката за развој на туризмот, но побара од министерот поголема ангажираност и пари за изградба на локалните патишта за да општината не остане слепо црево во државата. Тој особено е незадоволен што Липково од Владата добило само 20 милиони денари за реализација на два проекти за патно поврзување на селата Опае- Арачиново и Опае граничен премин Белановце во вкупна должина од околу 20 километи, за што се потребни милиони евра.