16. Nov 2011 14:40 Усогласен Буџетот до крајот на годината
Советниците вчера го изгласаа вториот ребаланс на Буџетот, со кој се врши пренемена на сретствата од една во друга програма, заради нивно целосно искористување до крајот на годината.
Со овој ребаланс се намалува вкупниот Буџет на општина Куманово за околу 8.4 милиони денари или 5 проценти. Се намалуваат сретствата за оние програми за кои се смета дека до крајот на годината нема да се реализираат, а се додаваат пари и сретства таму каде веќе е започаната работата, за позиции каде треба да се изврши уплата до кајот на годината и да се усогласат програмите за развој, уредување на градежно земјиште и јавни претпријатија- вели Ирена Илиевска, раководител во Секторот финасии.
Во капитални трошоци се извојиа средства во износ од 750.000,00 денари за купување на канцелариска опрема за Ј.П.Куманово-паркинг, 4.5 милиони денари за „Куманово гас„ за тековно работење.
