12. Jul 2010 09:12 Затворени спортски обложувалници
Во Куманово и во уште 11 градови во државата Управата за јавни приходи затворила 51 спортска обложувалница поради неиздавање фискални сметки или непоседување лиценца.
Неправилностите се констатирани во контролата за време на викендот.
Извршени се вкупно 420 контроли од кои во 51 објект даночните контролори констатирале дека спортсткото обложување се приредува без соодветна лиценца или готовинскиот промет не е регистриран преку фискален апарат, односно не се издавале фискални сметки - информираат од УЈП.
Според надлежните на УЈП најголем број на објекти со неправилности во делот на фискализацијата се во Скопје.
Инспекторите утврдиле и дека во неколку градови во земјава при посетата на објектите е утврдено дека сопствениците самоиницијативно ги затвориле обложувалниците,но тие нема да бидат изоставени во даночната контрола што ќе биде спроведена и во наредниот период.
















