21. Oct 2011 15:45 Зонско и над Градската џамија

Од први ноемвири ќе се плаќа паркинг место на улицата „11 Октомври„ од Градската џамија до Општата болница.

Thumbnail

Деновиве се исцртани паркинг местата, и како што информираат од ЈП „Куманово-паркинг„, во наредните неколку дена ќе бидат поставени информативни табли, по што ќе започне наплатата. Од истиот датум ќе се наплаќа и на паркинг просторот кај Сума.

Со овие активности ја завршуваме првата фаза за паркирање во А зоната и до крајот на годината нема да се работи на други локации. Втората фаза, која опфаќа обезбедување на паркинг места во поширокото градско подрачје, ќе ја реализираме во текот на наредната година- вели Мартин Михајловски.   

Од претпријатието се задоволни од функционирањето на паркинг службата, бидејќи во градот се создаде простор за нормално паркирање и функционирање на сообраќајот.