04. Jan 2012 11:51 Жртви на семејно насилство од Куманово ќе се смествуваат во Свети Николе

 Жртвите од семејно насилство од Северо-источниот региот ќе се сместуваат во ново отворениот шелтер центар во Свети Николе.

Thumbnail

 Прифатниот центарот е отворен вчера, а во него се вложени 9 милиони денари.

Претставници од невладини организации, кои со години работата на оваа проблематика велат дека на семинарите и обуките кои ги имаат секогаш ја истакнуваат потребата за отварање на ваков центар во Општината, но разочарани се што засега не постои интерес кај надлежните институции Куманово да се стави во програмата.

Отварање на центарот оди преку Министерството за труд и социјална политика, а Општината треба да одреди локација и простор. Со децентрализацијата треба да се одреди и начинот на нејзиното финансирање.

Во Куманово бројот на жртви на семејно насилство постојано се зголемува. Ако некогаш жените беа малтертирани од мажите, сега има и обратни сличаеви. Жртвите најчесто остануваат на улица, а насилниците во домот, што не е случај во развиените земји.