20. Dec 2011 10:51 13 години затвор за убиство на невенчана сопруга

 Бранко Петровски (39) од селото Мартинци, Кривопаланечко, е одуден на 13 години затвор затоа што во април минатата година ја убил невенчаната сопруга Сања Јовановска (25) од селото Борово, Крива Паланка.

Thumbnail

 Во Основниот суд Куманово, Петровски доби единствена казна затвор за две кривични дела: убиство и недозволено поседување на оружје.

Во текот на судењето Петровски го признал убиството, но изјавувал дека тоа го извршил затоа што  бил исплашен дека поранешната сопруга ќе му ги одземе децата и ќе ги однесе да живејат кај неа во Струга. Наведувал и дека нејзин пријател и се заканувал по телефон дека ќе го убие ако не ги даде децата на мајка им.

Според обвинението убиството се случи на 19 април мината година, кога двајцата поранешни сопружници излегле од центарот за социјални работи во Крива Паланка, каде требало да се договорат околу грижата за трите деца. Тогаш се скарале, по што Петровски извадил пиштол и испукал два куршуми и ја погодил во главата и телото. Од задобиените повреди жената веднаш починала.

Јовановска, две години пред убиствот ја напуштила вонбрачната заедница и заминала да живее и работи во Струга. Критичниот ден се вра­ти­ла во градот да ги земе децата, кои биле сместени во згри­жу­вач­ко семејство. Петревски не ги давал децата и ба­рал жената да му се врати и да продолжат да живеат заедно.