19. Oct 2011 13:08 14 години затвор затоа што ја задушил соседката

 Игор Мемедовски (36) е осуден на 14 години затвор затоа што ја убил неговата соседка Трајка Незировска (69) од Ранковце.

Thumbnail

Кривичниот совет во Основниот суд Куманово, го прогласи Мемедовски виновен затоа што во доказната постапка било утврдено дека убиството го извршил од користољубие. Тој пред судот признал дека заминал да ја ограби старицата, но тврдел немал намера да ја задуши кога и ја залепил устата со селотејп трака.

Убиството се случило на 23 декември мината година, откако Мемедовски излегол на викенд од затворот "Идризово", каде одлежувал казна за 63 тешки кражба. Бидејќи му требале пари, а знаел дека старицата живее сама и се занимава со баење , тој отишол во нејзината куќа. Откако ја забележал во помошната просторија, не и дозволил да излезе и побарал пари. Старицата му дала 200 денари, по што со сила од џебот и одзел 3.000 денари. Незадоволен од пленот, ја врзал за столче и со селотејп-лента и ја залепил устата. Ја заклучил во помошната просторија, и ја пребарал куќата. Откако не нашол ништо вредно, си заминал, без да ја одврзе.Нејзиното безживотно тело, наредниот ден го пронашле соседите. Игор кога се вратил во КПУ "Идризово" слушнал дека Трајка починала.

Од земените траги од самото место на настанот, како и од трагите подигнати при обдукција, било утврдено дека се совпаѓање со извршената ДНК анализа на осудениот.