02. Feb 2012 12:23 3 години затвор за полов напад врз дете
Дејан С.(31) од Куманово е осуден на 3 години затвор во Основниот суд Куманово затоа што извршил полов напад врз девојче.
Осудениот пред три години започнал врска со 12 годишното девојче, и го го водел во неговата куќа каде сексуално се задоволувал. По 6 месеци тие раскинале и повеќе не се видувале, по што таткото на девојчето случајот го пријавил во полиција.
Дејан пред Судот се бранел дека не го сторил делото, туку тврдел дека родителите на девојчето го местат поради матерјална корист.
Осудениот ќе одговара за продолжено кривично дело полов напад врз малолетник, кој не наполнил 14 години.
