20. Oct 2011 12:45 Арачиновeц дилал дрога

 Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Р.А.(22) од село Арачиново за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Thumbnail

Пред два дена, околу 16,30 часот, на влез во село Никуштак, од страна на полициски службеници е извршен претрес на голф  со кој управувал пријавениот, при што пронајдени 3,9 грама наркотична дрога „хероин“ наменети за продажба.