15. Sep 2011 17:17 Авиони го гаснат пожарот на Козјак

 Два авионa на Дирекцијата за заштита и спасување, по 13 часот излегле на терен и го гаснат големиот пожар на планината Козјак на македонско-српската граница.

Thumbnail

Како што информираат од терен, во неколку прелети, авионите изгаснале дел од пожарот, но огнот е поширен и на другата страна од границата, поради што ќе мора да интервенираат и српските служби за да не се разгори и прелее огнот пак на наша страна.

Барањето за авио-интервенција го упати градоначалникот на Старо Нагоричане Миодраг Јовановиќ, откако огнената стихија зеде голем замав и зафати над 40 хектари нискостеблести растенија и шума во селата Малотини и Враготурце. При тоа изгореа повеќе куќи, плевни и помошни простории, како и планинарскиот дом во селото Малотино. 

Од Општината се надевата дека по авио интервенцијата, пожарот ќе биде  целосно изгаснат, по што ќе се врши проценка на направената штета.