28. Nov 2011 13:04 Без причина го проболе со нож

 Н.Ј. (20) од Куманово вчера околу 14 часот, бил прободен со нож додека се движел по ул. „Панче Пешев“  во Куманово.

Thumbnail

Без причина го нападнеле три непознати лица додека се разминувале со него,  а еден од нив со нож му нанел повреди на левата нога. Повредениот е пренесен во болницата каде му е санирана повредата. Се преземаат мерки за откривање на сторителите и расчистување на случајот.