24. Oct 2011 15:51 Без причина нападнат старец

 Н.П.(70) од Куманово вчера напладне на улицата „Доне Божинов„ бил нападнат од непознати сторител, кој го удрил со тврд предмет по главта.

Thumbnail

Од ударот тој паднал на земја, при што ја скршил левата рака. Од страна на екипа на Брза помош оштетениот бил пренесен во МЦ-Куманово каде му е констатирана тешка телесна повреда, фрактура на лева рака и набиеници на главата и телото. СВР-Куманово превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.