28. Jan 2012 11:54 Ќе одговара газда што му загина работник
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.М.(39) од Арачиново, управител на претпријатието „Конкрит-ИНГ“ ДООЕЛ-Скопје и против В.С.(53) одговорно лице во фирмата, за сторено кривично дело тешки дела против општата сигурност.
Во јули минатата година во селото Романовце, при бетонирање на куќа во изградба пријавените спротивно на правилата за работа на ангажираниот градежен работник Бранко Д. (57) од Куманово не му овозможиле посебни мерки за заштита при работа, по што истиот дошол до контакт со електричната конструкција и од струен удар починал.
